17 December, 2025

„Додека повторно не се прегрнеме – на највисокиот врв“: Постхумно признание за планинарката Ивона Антова, загината во пожарот во „Пулс“

Вчера во Националниот парк Пелистер се одржа одбележувањето на Светскиот ден на планините, во организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

На настанот традиционално беа доделени признанија за најуспешните планинари, а најемотивниот момент беше постхумното признание за посебен придонес во афирмацијата на планинарството кај младите, доделено на Ивона Антова од Кочани, која трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Признанието го примија нејзините родители, Тоше и Стојка Антова, кои истакнаа дека Ивона била инспирација и поддршка за многу млади планинари. Тие порачаа дека нејзиниот дух ќе продолжи да живее низ планините и патеките што ги сакаше.

„Додека повторно не се прегрнеме – на највисокиот врв“, порачаа родителите на Ивона Антова на Пелистер