2 March, 2026

Девојчето имало само 6 години: Канал 5 објави нови детали за ужасот во Карпош

Мајка и нејзиното шестгодишно девојче попладнево скокнале од балкон на зграда во скопската населба Тафталиџе, на подрачјето на Карпош.

Случајот во полицијата бил пријавен во 14:15 часот. Настанот се случил во зградите кај поранешна „Алумина“ во Тафталиџе.

Засега не се познати причините за трагедијата. Според информациите, девојчето било ученичка во прво одделение, објави Канал 5.

На местото на настанот увид вршат екипи на полицијата и јавен обвинител.