3 March, 2026

Две банки со предвремена исплата на пензиите

Две банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите за февруари.

Од Халкбанк информираат дека пензиите се веќе исплатени и од денес (26.02.2026) средствата се достапни преку филијалите, банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Од Комерцијална банка соопштија дека исплатата започнува од утре, 27 февруари. Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со средствата истиот ден, додека исплатата во филијалите ќе се врши од 27 февруари и во наредните работни денови.