Селанец од Кичевско, кој во август 2022 година бил нападнат и гризнат од мечка додека се враќал од својата нива, доби 300 илјади денари отштета од државата. Првостепениот суд во Кичево му пресудил 350 илјади денари, но Апелациониот суд во Гостивар ја намали сумата, пишува Слободен печат.
Повредите на селанецот биле сериозни: рани на глава, дланки и натколеница, примил вакцина против беснило и бил на психијатар поради стравот од нападот. Тој преку адвокат барал поголема отштета, сметајќи дека природата и интензитетот на повредите не биле доволно земени предвид.
Судот го оправдал намалувањето со образложение дека бил нападнат од една, а не од чопор мечки. Притоа, судот ја поделил отштетата: 100 илјади денари за физички болки, 100 за страв, 50 за намалена животна активност и 50 за нагрденост.
Селанецот посочил дека државата не ги исполнила своите обврски за заштита на животот и здравјето на граѓаните, но судот смета дека износот на отштетата е соодветен.

