14 February, 2026

Голема странска компанија влегува на македонскиот пазар – потрошувачите ќе имаат нова опција

Познатата странска компанија RERSO официјално најави влез на македонскиот пазар, што се очекува да донесе нови можности за потрошувачите и зголемена конкуренција во трговијата. Компанијата планира отворање на свои први продажни објекти во Скопје, а потоа и во други градови низ државата.

RERSO е бренд кој веќе е присутен во повеќе европски земји и е препознатлив по пристапни цени и разновидна понуда на производи. Со неговото доаѓање, граѓаните ќе добијат уште една алтернатива за купување, а се очекува и одредено влијание врз цените и понудата кај постојните трговци на пазарот.

Дополнително, влезот на RERSO се очекува да донесе и нови работни места, како и современ концепт на продажба, усогласен со европските стандарди. Од компанијата најавуваат постепено проширување и долгорочно присуство во Македонија.

Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја

Повеќе информации за точниот датум на отворање и локациите на продавниците се очекуваат во наредниот период.