1 December, 2025

Голема реконструкција на Владата – заминуваат седум министри, меѓу нив и Тошковски, Трипуновски и Јаневска???

Иако сè уште нема официјална потврда кога ќе се спроведе, реконструкцијата на Владата е неопходна, велат коалициските партнери во извршната власт. Се очекува да бидат сменети околу една третина од министрите, објави 4NEWS.mk Телевизија 21 неофицијално дознава од извори во Владата дека ќе има замени на министри и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и од коалицијата ВЛЕН, и од ЗНАМ, а причината се најслабите резултати во ресорите.

Според информациите на ТВ21, на неколку министри им се „ниша фотелјата“, Неофицијалната листа на министри пред смена: Панче Тошковски (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за внатрешни работи Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за земјоделство Зоран Љутков (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за култура и туризам Весна Јаневска (ВМРО-ДПМНЕ), Министерка за образование Игор Филков (ЗНАМ), Министер за правда Бесар Дурмиши (ВЛЕН), Министер за економија Орхан Муртезани (ВЛЕН), Министер за европски прашања Промени во ВЛЕН Засега, единствената позната промена е најавена од заменик-претседателот за добро управување, Арбен Фетаи. Тој изјави дека Беким Сали ќе го замени Изет Меџити на функцијата прв заменик-премиер, бидејќи Меџити беше избран за градоначалник на Чаир.

Фетаи појасни дека Меџити имаше две улоги – прв вицепремиер и министер за животна средина, Сега, партијата на Меџити ќе предложи ново име за министер за животна средина и верувам дека во текот на оваа недела, најдоцна утре, ќе се сретнеме со премиерот како мандатар и ќе ги поставиме овие прашања за да најдеме решение согласно договореното меѓу коалициските партнери“, изјави Фетаи.