15 February, 2026

Глутница кучиња спороти „Сити Мол“ во Карпош – Скопјанка вели да се употреби „Сејф Сити“

Скопјанка сподели фотографија од локација во скопски Карпош за каде тврди дека се донесени кучиња скитници. Имено, станува збор за паркот во близина на трговскиот центар Сити Мол каде се гледа значителен број на кучиња. 

– Спроти Сити мол, денес. ЈП ЛАЈКА – Скопје е известена но дека недела, на телефон не одговараат. Еве ви прилика и Сејф Сити да се искористи, денес се донесени или вчера вечер, напиша вчера оваа скојанка која алармираше за состојбата. 

– Проблемот е вакво правење на глутница со кучиња што се носат од други места, исплашени, гладни, заедно трауматизирани. Да, проблем се, но и самите имаат проблем. Луѓето ја креираат оваа ситуација, а државата не ја решава, додава таа. 

– Страшно е со уличните кучиња,ниту деца можат да излезат, ниту возрасни… на работа одам со страв, во маркет со страв, сегде ги има и секој момент можат да нападнат, загрозено е човечкото право на слободно движење, споделува скопјанка.