Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во објава на Фејсбук сподели видео на кое се гледа како изгледаат канцделариите на седуммина избркани Албанци од работа во тоа министерство.
Објавата следуваше откако ДУИ обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“.
Стоилковиќ објави снимка од канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службениците кои во неа работеле, а пред два дена биле отпуштени, и како што вели: „испратени да си спијат дома“.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која ‘работеа’ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“, стои во натписот на објавата на Стоилковиќ.

