15 February, 2026

(Видео) Денеска на ГП Дојран хаос и застој заради протестите во Грција

Денеска граничниот премин Дојран се соочи со значителен застој и хаос поради протестите што се одржуваат во соседна Грција. Поради блокадите и демонстрациите на грчката страна, сообраќајот на влезот и излезот од Македонија се движи многу побавно од вообичаеното, а возилата чекаат со часови.

Граничниот премин Евзони денеска беше затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и ќе биде од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.