1 December, 2025

(Видео) Браник „исплива“ од Вардар кај мостот „Око“

Во центарот на Скопје, кај мостот на цивилизациите попознат како мост „Око“, денеска се појави автомобилски браник.

На видеото подолу можете да го забележите каросерискиот дел што заталкал и завршил заглавен под мостот, заедно со уште еден цел куп гранки и останато ѓубре кое се насобрало под столбовите на мостот.