Ниските температури и голомразицата вчера предизвикаа вкупно 19 сообраќајни незгоди во Полошкиот Регион, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во тетовскиот реон се регистрирани четири незгоди, меѓу кои и верижен судир со 10 возила на автопатот Тетово–Гостивар, додека во Гостиварско имало 15 сообраќајки.
Од ЦУК информираат дека надлежните служби се на терен и вршат посолување на патиштата, а поради снег на правецот Лисец–Попова Шапка е воведена задолжителна зимска опрема.

