14 February, 2026

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот

Познатиот албански водител и новинар Елтон Тозај синоќа околу 19:30 часот бил брутално нападнат и претепан на автопатот Тирана–Драч, под сè уште неразјаснети околности, пренесуваат албанските медиуми.

Според информациите што неговото семејство ги објави на социјалните мрежи, Тозај бил нападнат од повеќе лица, при што се здобил со сериозни телесни повреди.

„Елтон Тозај се наоѓа во тешка здравствена состојба и е хоспитализиран на интензивна нега. Состојбата е деликатна, бидејќи постои опасност да го изгуби видот“, наведуваат членовите на семејството.

Засега од полицијата нема официјални информации за нападот, ниту за можните мотиви и сторители.