15 February, 2026

Британски медиуми: Договорени се 20 илјади фунти по мигрант, Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор?!

Македонија ќе добива финансиска помош за секој прифатен мигрант, со цел преку новиот модел да се поттикне аплицирање за работни визи и барање азил во земјата.

Иако Велика Британија ја гледа Северна Македонија како партнер во проектот за „повратни центри“, македонскиот пристап засега останува внимателен и прагматичен. За разлика од нашата земја, Албанија и Босна и Херцеговина одбија веднаш да се вклучат, повикувајќи се на ограничени ресурси и сопствени национални приоритети.

Според британски „Експрес“, Владата во Скопје бара јасни безбедносни гаранции, инвестиции и дополнителни услови пред официјална кооперација, што ја покажува дипломатската чувствителност на целата операција.

Планот предвидува Обединетото Кралство да и исплаќа на Македонија до 20 илјади фунти за секој депортиран мигрант, како начин да се забрза враќањето на лицата без регулиран престој во Британија. Финансискиот модел треба да ги покрие трошоците за сместување и да послужи како стимул за соработка, особено во првата, тест-период фаза.

Инсајдерски извори наведуваат дека токму овој договор би бил прв од таков карактер за Британија и би означил премин кон процесирање мигранти надвор од нејзината територија – пристап што претходно го практикуваа и поединечни европски земји, пишува „Експрес“.