14 February, 2026

Боки 13 до Игор Џамбазов: Јас не сум се дрогирал, не сум се коцкал, кој си ти да делиш морални лекции?

„Зарем токму ти, Игор Џамбазов, со сите возможни и невозможни пороци што ги носиш зад себе и со своето проблематично минато, најде да делиш морални лекции и да одлучуваш кој може, а кој не може да води емисија или подкаст?“, го праша Боки 13 Игор Џамбазов откако тој изјави дека осудени лица не треба да бидат домаќини на поткасти, туку дека ваквите содржини треба да ги водат професионални водители.

„Со ваквиот настап, директно ги навредуваш сите луѓе кои поминале одреден период зад решетки – без разлика дали биле осудени основано или неосновано. Дали затворот е доживотна дамка поради која човекот нема право повторно да зборува, да работи и да биде дел од јавниот живот?

Јас никогаш не сум се коцкал, никогаш не сум користел дрога, ниту сум пробал алкохол. А историјата е полна со примери на луѓе кои поминале години во затвор, а подоцна станале претседатели, државници и високи политички лидери.

Минатото не смее да биде доживотна пресуда. А најмалку право да глуми морален судија има оној чиј живот бил јавна борба со сопствените слабости – слабости кои јавноста многу добро ги памети“, посочи Боки 13.