15 February, 2026

„Бело“ расположение во СДСМ? Јон Фрчковски си доби функција во новиот партиски состав

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.

По експлицитните фотографии што пред извесно време се појавија на социјалните мрежи, а на кои се тврдеше дека тогашниот директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчковски, користи недозволени супстанци, тој јавно се огласи и поднесе оставка од функцијата.

Во својата објава на Фејсбук, Фрчковски тогаш наведе дека станува збор за обид за дефокусирање на јавноста од, како што рече, „катастрофалното водење на истрагата за трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица“.

„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста од оваа трагедија. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да дозволам тие да бидат товар за СДСМ. Од морални причини се повлекувам од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи“, напиша тогаш Фрчковски, заблагодарувајќи им се на семејството и пријателите за поддршката.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ јавно поставија прашања дали на фотографиите се гледа користење на наркотична супстанца, при што побараа и одговор дали Фрчковски е подготвен да направи јавен нарко-тест. Пратеникот Бране Петрушевски тогаш изјави дека јавноста има право на одговори, нагласувајќи дека партијата не тврди со сигурност за што станува збор, но дека прашањата се легитимни поради јавниот интерес.