15 February, 2026

Без струја денес дел од една скопска општина – без вода повеќе делови од две општини

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска (10.12.2025) без електрична енергија ќе остане дел од Општина Бутел.

– Во периодот од 08:30 до 09:30 часот, без електрична енергија ќе остане објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница бул. Македонско-Косовска Бригада со бул. Босна и Херцеговина. 

Исто така, од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известиле дека денеска (10.12.2025) поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во населба Сарај, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек , Грчец , Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и с. Сарај, и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од од 07:30 часот до санирање на дефектот.