14 February, 2026

Апел за помош: Исчезна 72-годишна жена во Скопје

72-годишната Марика Илиевска исчезна во раните утрински часови. Последен пат е видена околу 08:30 часот во близина на ТЦ Лептокарија, Карпош 3.

Илиевска била облечена во сива јакна и, најверојатно, носела шешир. Станува збор за дементна личност, поради што е особено важно да се реагира брзо.

Сите кои имаат информации за нејзината локација се молат да контактираат на телефонскиот број 070 781 111.

Граѓаните се повикуваат на внимателност и соработка во пронаоѓањето на Марика Илиевска.