Азис зад себе има еден истополов брак во Бугарија, но тој не е легално признат според бугарскиот закон. Со асистирано оплодување, тој стана татко на три деца со својата најдобра пријателка. Сега, пак, Азис се ожени во САД и го покажа својот нов сопруг.
Вчера, на Инстаграм, Азис сподели фотографија од својата и раката на партнерот со идентични бурми, пишувајќи:

„Штотуку венчани, ти благодарам Америка!“
Подоцна, тој со уште една фотографија го откри идентитетот на својот избраник, кој, судејќи според униформата, работи во областа на медицината. Парот е фотографиран во Флорида, каде што Азис во последно време интензивно споделува фотографии.
Претходниот брак на Азис беше со Ники Парванов, познат како Ники Китаец, на 1 октомври 2006 година. Поради тоа што истополовите бракови не се легално признати во Бугарија, бракот не доби законска потврда. Парот се раздели во 2008 година.
Азис е татко на 18-годишната ќерка Раја, која ја доби со својата најдобра пријателка Гала преку асистирано оплодување во 2007 година. Подоцна со неа доби уште една ќерка и син, за што зборуваше во шоуто на Цеца.
Искрено за односот со својата најстара ќерка, Азис изјави:
„Ќерка ми на почетокот ме прашуваше зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа ѝ објаснив дека ја сакам, но на друг начин.“

